Влакна (pili,trichos), се кератинизирани творби, имплантирани на кожата во кавитет наречен фоликул. Ја покриваат речиси целата површина на кожата, освен-дланките, табаните, воларната
страна на прстите, дорзалната страна на дисталните фаланги, гланс пенис, внатрешната страна на labia majora et minora vulvae.
На главата се нарекуваат: capilli, на
брадата barbae, во аксилата hirci, на
клепките cilia, на веѓите supercilia, во
носните отвори vibrissae ,во надворешниот ушен канал targi. Зачетокот
на влакната е во третиот ембрионален месец, а
конечно формирање до петит ембрионален месец. Влакнениот
фоликул и влакното имаат ектодермално поиекло, а
папилите потекнуваат од мезодермот. Влакното содржи два главни дела-надворешен
(scapus pili) и внатрешен (radih
pili), кој
завршува во дермот со едно задебелување во вид на луковица (bulbus pili), чиј долен пол е вдлабнат и таму е
сместена papilla pili. Дното
на булбусот е matrih pili, затоа
што содржи живи клетки од кои расте влакното. Самото
влакно е составено од три слоја:
·
надворешен (cuticula
pili)
·
кортикален(cortex pili)
·
среден(medulla pili)
градени
од модифицирани епидермални клетки. Влакната кај човекот растат и одпаѓаат
следејќи еден еволутивен циклус кој содржи три фази:
1)
анагена фаза - долга од повеќе години, карактеризирана
со кератогена активност -фаза на растење на влакното.
2)
катагена фаза - кратка, од неколку
недели - фаза на обратен развој
3)
телогена фаза - од неколку месеци - фаза
на одумирање на влакното
Нема коментари:
Објави коментар